ФИФА потврди дека мечот од квалификациите за Светското првенство во 2022 помеѓу Гвинеја и Мароко, закажан за 6 септември, е откажан по обидот за пуч во земјата-домаќин.
Според повеќе светски медиуми, во Гвинеја во тек е воен удар, со извештаи за престрелки на улиците на престолнината, Конакри, каде што требаше да се одигра мечот. ФИФА не одреди термин за одложениот меч, посочувајќи дека „политичката и безбедносната ситуација во Гвинеја е нестабилна“.
Според француските медиуми, мароканската репрезентација се наоѓа во Конакри, а нивниот селектор, Вахид Халилхоџиќ за „Л’Екип“ потврди дека се слушаат „пукотници речиси цел ден“.