Top Sport

Кваљарела донесе победа за Самп во дербито на Џенова (видео)

Фабио Кваљарела го постигна својот 22. гол во Серија А оваа сезона (со што е најдобар стрелец во лигата на 36 години), и додаде уште една асистенција за Сампдорија со 2:0 да го добие Дерби дела лантерна против градскиот ривал Џенова.

Иако двата клуба не се во борба за висок пласман (повторно), дербито е едно од најголемите во Италија и „Мараси“ беше преполн со бучни навивачи. Грегоар Дефрел им донесе водство на домаќините уште во третата минута од мечот кога Кваљарела одлично му асистираше.

Ситуацијата за тимот на Горан Пандев се влоши во 51. минута, кога Давиде Бираски играше со рака во шестнаесетникот и доби црвен картон. Кваљарела без проблем од белата точка го удвои водството.

Сампдорија се деветти во Серија А со 48 поени, додека Џенова уште го нема осигурано опстанокот во лигата – Грифоне се на 15. место со 34 поени, шест над зоната за испаѓање на шест кола пред крајот.

СЕРИЈА А, 32.КОЛО

Торино – Каљари 1:1

Фиорентина – Болоња 0:0

Сампдорија – Џенова 2:0

Сасуоло – Парма 0:0

Scroll to Top