Фабио Кваљарела (36), за 18 месеци го продолжил договорот со Сампдорија. Искусниот напаѓач во редовите на екипата од „Мараси“ стадионот ќе остане до јуни 2020 година.
Иако е во ветерански години, Кваљареал се уште игра на високо ниво, поради што интерес за него покажаа Милан и Рома. Сепак, Кваљареал, ги одбил нивните понуди и решил да остане во Сампдорија каде веројатно и ќе ја заврши кариерата.
Поранешниот италијански репрезентативец во кариерата бил играч на Торино, Фиорентина, Удинезе, Наполи и Јувентус.
За италијанската репрезентација одиграл 25 натпревари и постигнал седум гола