Top Sport

Кваљарела на 39 години го продолжи договорот со Сампдорија

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Наполи, Фабио Кваљарела, очигледно, не е подготвен за фудбалска пензија, откако потпиша едногодишно продолжување на дооворот со Сампдорија.

39-годишниот Кваљарела ќе ја игра својата неверојатна 20. сезона во Серија А, и веќе е 11. на вечната листа, со само четири зад 10-пласираниот Силвио Пиола. Тој исто така е и на 14. место на вечната листа по бројот на голови во Серија А со 181 гол во 533 настапи, и е на само три гола од Габриел Батистута.

Scroll to Top