Top Sport

Матеус: Би било „секси“ Роналдо да дојде во Баерн

Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбалер, Лотар Матеус смета дека Кристијано Роналдо би бил „совршена“ замена за Роберт Левандовски на „Алијанц арената“, оценувајќи дека трансферот од Манчестер јунајтед би бил „секси“.

Роналдо ги шокираше Јунајтед со барањето за трансфер, и иако денеска англиските медиуми тврдат дека Челси е фаворит за неговиот потпис, како честа опција се посочуваат и Баварците и Матеус вели дека неговиот стар клуб треба сериозно да ја разгледа можноста.

„Роналдо во Баерн би било навистина секси. Барем треба да се разгледаат опциите и да се донесе во одлука. Ако во Баерн имаат мислење дека Роналдо е доволно физички подготвен да помогне година-две, тогаш треба да ги инвестираат средствата од Левандовски за него. Ако е задоволен со плата слична како на Левандовски, тогаш зошто да не. Во нападот Баерн би имале одличен број на голови со Садио Мане, Милер, Роналдо и Коман“, пишува Матеус во својата колумна за „Скај Германија“.

Scroll to Top