Top Sport

Кваљарела се предомисли: Мојот гол е најубав, но имав среќа (видео)

Еден од најчудесните голови постигнати минатиот викенд секако беше тој на ветеранот на Сампдорија, Фабио Кваљарела против Наполи (3:0), но сега и самиот Италијанец признава дека имал „голема доза на среќа“.

Кваљарела постигна апсолутно невозможен гол со петица против својот поранешен клуб, но по мечот изјави дека голот влегува само во „топ 3“.

„Дури и да не сакам да го видам повторно, ќе се појави на социјалните мрежи. Сега, да, мислам дека тоа е најубавиот гол. Речиси стоев, тоа беше момент на луцидно лудило. Во такви удари мораш да имаш и доза на среќа. Напаѓачите живеат со тој инстинкт. Добив многу пораки од Неапол, но верувајте сите се комплименти и пофалби“, вели Кваљарела.

Тој, како поранешен фудбалер на Јуве, исто така беше запрашан дали е чудо што тој дава голови, а Кристијано Роналдо уште не стрелал за „старата дама“.

„Тој ги има најпрекрасните голови, не му е потребен гол со петица како мене. Многу го почитувам“, вели Кваљарела.

Scroll to Top