Top Sport

Сафин: Надал не би успеал да беше роден во поранешниот СССР!

Поранешниот светски број 1, Марат Сафин не верува дека Рафаел Надал би станал успешен тенисер доколку пораснал во поранешниот Советски Сојуз.

Сафин, кој по потекло е Татар, израсна во Москва и учеше „традиционален“ советски тенис, нешто што сегашниот светски број 1, Надал не би можел да го издржи. Сафин на почетокот на 2000-тите освои две гренд слем титули, но остана познат како тенисер со огромен талент, но и малку работна етика и желба за успех.

„Не знам како би било со Рафа. Во СССР имаше притисок да победувате, а тој таму не би можел да победи. Советската ’школа’ беше тешка бидејќи не ти влеваше самодоверба, туку само страв. Надал со таков страв не би можел да успее“, вели Сафин.

Русинот е импресиониран од начинот на кој Рафа стана една од тениските легенди.

„Никој не мислеше дека ќе го направи тоа, поради сите работи кои му се случуваа во кариерата. Ме импресионира неговиот професионализам и посветеност“, додава Сафин, кој едно време беше пратеник во руската Дума.

Scroll to Top