Top Sport

Кварацхелија е најдобар играч во Серија А во август

Новата ѕвезда на Наполи, Хвича Кварцхелија е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А во август од страна на фудбалерите во лигата, откако грузиската ѕвезда „блесна“ со 3 гола и асистенција.

21-годишниот Кварацхелија имаше гол и асистенција во своето деби при 5:2 победата надд Верона, пред да постигне два гола против Монца при 4:0 победата. Покрај тоа што тој постигна три гола, еден од нив беше со десната нога, еден со левата и еден со глава.

Кварацхелија во гласањето ги победи Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, Пјер Калулу од Милан и Немања Радоњиќ од Торино.

Scroll to Top