Top Sport

Санчо: Работите во Манчестер јунајтед стануваат појасни

Џејдон Саснчо смета дека во Манчестер јунајтед веќе нема конфузија под новиот менаџер Ерик Тен Хаг, кој донел „јасни работи“ во клубот. Санчо постигна гол за 1:0 победа над Лестер во четвртокот за да ги крене на петтото место на табелата по катастрофалниот старт со два порази.

Санчо играше и под Оле Гунар Солскјер и Ралф Рангник по скапиот трансфер од Борусија Дортмунд минатото лето, но смета дека Тен Хаг имал најголемо влијание по неговото пристигнување од Ајакс.

„Би кажал дека има повеќе информации, појасен план што да се прави, посебно во одредени делови на теренот, дефинитивно! Стилот на игра е нешто на што работиме на тренинг. Нешто од тоа што го гледате доаѓа од интелигенцијата на нашите фудбалери, кои сега добро се познават и знаат да соработуваат. Работиме повеќе како тим, играме добро заедно и во стилот на менаџерот“, вели Санчо.

Scroll to Top