Top Sport

Кварезма и Ибра повторно ќе бидат соиграчи?

Лос Анџелес галакси сакаат да му ја исполнат желбата на Златан Ибрахимовиќ и да го донесат неговиот поранешен соиграч Рикардо Кварезма во МЛС лигата.

Според турските медиуми, темпераментниот 35-годишен Португалец се искарал со претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман, и иако има 18 месеци од договорот со клубот од Истанбул, најверојатно ќе замине во САД.

Кварезма и Златан играа заедно кратко во Интер во 2008/09, пред Португалецот да биде продаден на Челси.

Scroll to Top