Top Sport

Ла лига му го честиташе роденденот на Барди: Твоите слободни се подарок (видео)

Официјалниот Твитер профил на шпанската Ла лига му го честиташе 24-тиот роденден на македонскиот репрезентативец Енис Барди со компилација на неговите прекрасни голови од слободен удар.

Барди, кој со тимот на Леванте, изненади многумина со својата умешност во шутирање слободни удари и беше споредуван со Лео Меси, доби порака од Ла лига.

„Твоите слободни удари се подарок“, стои на Твитер.

Scroll to Top