Top Sport

Квартетот „граѓани“ ја пропушта турнејата во САД

Пеп Гвардиола нема да може да се потпре на четворица играчи на турнејата во САД. Како што најавија од таборот на шампионите во Премиер лигата, на пат нема да одат Ајмерик Лапорт, Фил Фоден, Илкај Гундоган и Џон Стоунс.

Она што се знае е дека Фоден, Гундоган и Стоунс ќе бидат со тимот до 23 години на подготовки во Европа, неизвесно е дали истото важи и за Лапорт.

Инаку, Лапорте минатата сезона беше еден од клучните играчи, за „граѓаните“ одигра 33 натпревари, а за пет години на „Етихад“ освои осум трофеи. Раководството на Манчестер Сити не наведе зошто четворицата играчи ги нема на списокот на патници во Америка.

Се претпоставува дека тие не се вакцинирани.

Манчестер Сити ќе одигра пријателски натпревари во САД со Клуб Америка на 21 јули и три дена подоцна против Баерн Минхен.

Scroll to Top