Холандскиот репрезентативец, Квинси Промес, се наоѓа на чекор до трансфер во Севилја. Шпанските медиуми пренесуваат дека Промес, ќе пристигне на „Санчез Писхуан“, утре кога завршува преодниот рок во Шпанија.
Неколку клубови покажале интерес за Холанѓанецот од Спартак Москва, а за неговиот потпис Севилја ќе плати 21 милион евра. Крилниот напаѓач, во Русија се пресели од Твенте во 2014 година за сума од 11,5 милиони евра.
Промес вниманието на челниците го привлече минатата сезона, кога Спартак во Москва со 5:1 ја декласира Севилја во Лигата на шампионите. Холанѓанецот тогаш постигна два гола и асистирал за уште два гола на својот тим.
Промес за четири сезони во Спартак одиграл 115 натпревари, на кои постигнал 59 гола. Минатата сезона му е најуспешна во кариерата со 21 гол на 37 натпревари во сите натпреварувања.