Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе е во постојан контакт со Ливерпул и Реал Мадрид пред потенцијалниот трансфер следното лето, тврди утрешното издание на угледниот француски спортски весник „Л’Екип“.
21-годишниот Мбапе пред финалето од Лигата на шампионите со Баерн Минхен (кое го загубија со 1:0) изјави дека пристигнал во Париз за да ја освои титулата од ЛШ со француски клуб, но потоа не ја криеше желбата да замине од „Паркот на принцовите“ во иднина, наводно информирајќи го клубот дека ќе бара трансфер на крајот на сезоната.
Договорот на Мбапе, инаку вториот најскап фудбалер на светот по Нејмар, завршува во 2022 година, така што продажба следното лето е последна опција за ПСЖ да врати дел од својата инвестиција.
Според весникот, Мбапе уште не решил во кој клуб сака да ја продолжи кариерата, иако Реал Мадрид и Ливерпул се неговите две опции. Во Реал Мадрид е неговиот фудбалски идол, тренерот Зинедин Зидан, кој исто така го дели воодушевувањето со Мбапе, но Французинот исто така призна дека му се допаѓа стилот на игра на Ливерпул под Јирген Клоп.
Breaking | Liverpool & Real Madrid in regular contact with Kylian Mbappé over a deal for next summer, according to tomorrow’s L’Équipe. More follows.
— Get French Football News (@GFFN) September 21, 2020