Top Sport

Што би бил овој Милан без Златан! Нов гол, овојпат против Болоња

Како да сакаше да одговори на сите критики зошто Милан му даваат договор на 38 години, Златан Ибрахимовиќ го постигна и вториот гол во вториот официјален меч за „росонерите“ оваа сезона, овојпат против Болоња, која ја води неговиот стар пријател, Синиша Михајловиќ.

Швеѓанецот погоди за Милан при 2:0 победата над ирскиот Шамрок роверс во меч од Лига Европа во средата, а сега во првиот меч на Милан во Серија А, им донесе водство со на прв поглед лесен удар со глава. Вечен е!

Scroll to Top