Top Sport

Л’Екип: Меси уште вечерва лета за Париз, навивачите тагуваат пред „Ноу Камп“!

Иако на својата емотивна прес-конференција на „Ноу Камп“, Лионел Меси изјави дека преговорите уште траат и дека не одлучил дали кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен-Жермен, повеќе извори, предводени од угледниот „Л’Екип“ тврдат дека работата е договорена, и дека тој уште вечерва ќе отпатува во Париз на прегледи.

Информациите велат дека ПСЖ му понудиле на Меси фантастични 35 милиони евра по сезона и договор на две години со опција за продолжување за уште еден договор. Истата информација ја пренесува и американскиот „ЕСПН“, повикувајќи се на француски извори.

Додека навивачите во Париз едвај го чекаат пристигнувањето на Аргентинецот, во Барселона како да е ден на жалост, со илјадници навивачи на Барселона кои пристигнаа да се простат со својот идол.

Scroll to Top