Француски „Л`кип“ пишува дека планот на Барселона е да го смени Кике Сетиен и на негово место да го постави Французинот Лорен Блан. Тој, според весникот, би бил само широкиот план кој подразбира Блан да ја подготви клупата за Чави Ернандез кој би дошол на „Ноу Камп“ за сезоната 2021/2022.
Блан (54) кој веќе 4 години е без работа би ги водел Каталонците една година, а Чави неодамна потпиша договор до катарски Ал Сад токму до летото 2021 година.
Извесно е дека Сетиен ќе стане поранешен затоа што Барселона сезонава заврши втора на табелата во Ла Лига, а играчи од калибарот на Лео Меси јавно ја критикуваат работата на кормиларот.
Блан, пак, во кариерата го водеше Бордо, селекцијата на Франција и ПСЖ, а Барса би му била нова станица ако се има предвид дека го носеше дресот на клубот во 1996 и 1997 година.