Top Sport

Ла Коруња го отпушти Парало, бара трет тренер оваа сезона

Депортиво Ла Коруња го отпушти тренерот Кристобал Парало во неделата, и сега ќе го бараат својот трет тренер оваа сезона.

Одлуката доаѓа откако Депортиво загуби со 5:0 од Реал Сосиедад во петокот, по што тимот е на 18. место на табелата со 17 поени од 22 натпревари, три зад Леванте на 17. место.

„Депортиво сака да му се заблагодари на Кристобал за напорот, посветеноста и работата со првиот тим“, се вели во соопштението на тимот.

Парало, кој претходно беше тренер на Б-тимот, дојде на „жешкото столче“ по отпуштањето на Пепе Мел по лошиот старт на сезоната. Депор имаат само три победи во сите натпреварувања со Парало. Тој е шестиот тренер кој е отпуштен од контроверзниот претседател на клубот Тино Фернандес, кој го презеде клубот во 2014 година.

Scroll to Top