Top Sport

Жиру: Селекторот Дешам ми кажа да заминам од Арсенал

Еден од најизненадувачките трансфери во зимскиот преоден рок, секако беше заминувањето на Оливие Жиру од Арсенал во Челси.

Челси плати 18 милиони фунти да го добие Жиру на 18-месечен договор, комплетирајќи го трансфер-триаголникот меѓу Челси, Арсенал и Борусија Дортмунд. Пјер-Емерик Обамејанг дојде во Арсенал, а Мичи Батшуаи замина на „позајмица“ во Борусија Дортмунд.

Француското ТВ-шоу „Телефут“ во интервју со Жиру откри дека тој добил совет од францускиот селектор, Дидие Дешам да направи трансфер за да биде во селекција за репрезентацијата за СП во Русија во јуни.

„Имав понуда од Борусија Дортмунд, но тие сакаа да ме земат на заем. Севилја беа заинтересирани, Рома контактираа со мојот агент. Но, кога Антонио Конте ми кажа дека смета на мене, ја направив таа одлука“, вели Жиру.

Scroll to Top