Фудбалерот на Реал Бетис, Серхио Каналес доби суспензија од четири меча поради коментарите кои ги имаше за судијата Матеу Лахоз пред шест месеци.
Откако цела кариера немаше добиено црвен картон, Каналес доби црвен картон по само 13 секунди во финишот на мечот со Кадиз на 19 октомври. Првиот жолт картон тој го доби за „коментари“, а вториот откако му одговори на Лахоз кој го предупреди да не зборува повеќе. 32-годишниот Каналес беше лут по мечот, коментирајќи дека одлуката на Лахоз била „предвреме нправена“ и дека се обидувал да го избегне судијата и покрај тоа што беше капитен на својот тим.
Поради суспензијата, Каналес ќе ги пропушти мечевите со Атлетико Мадрид, Кадиз, Еспањол и Осасуна.
Бизарната ситуација можете да ја погледнете по 2:30 во видеото: