Top Sport

Ла Лига го одложи „Ел Класико“

„Ел Класико“ пресметката помеѓу великаните на европскиот фудбал Барселона и Реал Мадрид нема да се случи како што е планирано со календарот на Ла Лига, на 26 октомври.

Поради протестите во Каталонија, челниците на Ла Лига ја донеле одлуката дербито да се одложи. Протести во Барселона има поради судските пресуди за деветмината политичари кои се залагаат за независноста на покраината.

Дербито е одложено бидејќи протести во Барселона биле закажан и за 26 октомври.

Ла Лига најпрвин излегле со предлогот да биде сменето местото на одигрувањето на дербито, односно на 26 октомври да се игра во Мадрид, а Барселона да биде домаќин на 1 март наредната година, во вториот дел од сезоната. Овој предлог без размислување веднаш го одбиле двата клуба.

Поради тоа Комисијата за натпреварување предложила „Ел Класико“ да се игра за два месеци.

Во игра се два датуми 7 декември, предложен од Ла Лига и 18 декември, предложен од клубовите и Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Scroll to Top