Top Sport

Ла Лига подготвува казна за Јовиќ

Шпанската Ла Лига подготвува казна за фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ поради кршење на правилата за самоизолација и социјално дистанцирање.

Јовиќ кој е повреден и не тренира со колегите од Реал на „Инстаграм“ објавил фотографии како прави скара со пријателите.

Ова не е прв пат Јовиќ да ги криши протоколите откако започна пандемијата со коронавирусот. Напаѓачот неколку пати поради не фудбалски работи беше во центарот на вниманието на шпанските и српските медиуми.

Реал сигурно ќе го казнат фудбалерот, а веројатно тоа ќе го направи и Ла Лига. Челниците на Ла Лига од шпанската влада добија јасни насоки како да се однесуваат додека се подготвуваат за ре-старт на сезоната. Клубовите мора да ги почитуваат протоколите за социјално дистанцирање.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');