Шпанската Ла Лига потврди дека еден натпревар оваа сезона ќе биде одигран во САД. Во соопштението, Ла Лига, не наведува датумот и градот во кој ќе се одигра натпреварот. Весникот „Ел Паис“, претпоставува дека тоа ќе биде дуелот помеѓу Реал и Барселона.
По објават на ла Лига веднаш се огласи Здружението на професионалните фудбалери во Шпанија.
„Како и секогаш, Ла Лига го игнорира мислењето на играчите и се грижи само за профитот. Ла Лига не се грижи за здравјето на фудбалерите и на ризиците на кои тие се изложени“, се наведува во соопштението.
Незадовлни се и навивачите, особено оние што поседуваат акции во клубовите. Тие повикуваат на „мобилизација“ против ваквата одлука.
Критиките кон Ла Лига се гласни од минатата сезона, кога челниците решија „Ел класико“ да се игра во термин што е прифатлив за гледачите во Азија.
И тогаш првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас не реагираше на критиките, а со најновата одлука тој ќе земе голем дел од финансискиот колач.