Top Sport

Полноќна порака со која ги израдува навивачите

Во четвртокот пред полноќ, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ објавил порака која ги израдувала навиваќите.

Модриќ (33) е трансфер цел на Интер во овој преоден рок. Клубот од Милано во изминатите десет дена води интензивни преговори со Модриќ и неговиот менаџер, обидувајќи се да го донесе хрватскиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“.

Преодниот рок во Италија завршува денес, а според она што Модриќ го објави на „Инстаграм“, тој ќе остане во Мадрид.

„Тежок пораз, но еден неуспех не го дефинира овој тим. Време е да се подигнеме и да продолжиме да работиме на вистински начин“, порачал Модриќ, разочаран по поразот во УЕФА Суперкупот од Атлетико (2:4).

Хрватот на „Инстарграм“ има 14 милиони следбеници, а по пет часа од објавата неговиот пост имал повеќе од 650.000 „лајкови“.

Scroll to Top