Top Sport

Ла Лига против коранавирусот: По дрес и копачки на стадион, туширање дома

Новиот сој на коронавирусот, наречен омикрон, предизвика голем скок на заразени ширум светот. Кога е во прашање спортот, засега најмногу проблеми имаат Премиер лигата на Англија и НБА лигата.

Шпанската Ла Лига, со цел да го намали ширењето на вирусот, им подели инструкции на клубовите, како да се однесуваат во наредниот период.

За да ги сведе на минимум контактите помеѓу играчите, Ла Лига препорача пред натпреварите тие да не ги користат соблекувалните, што значи дека во дрес, копачки и тренерки ќе треба да доаѓаат на стадионите. Исто така препорака на Ла Лига е по натпреварите да не ги користат соблекувалните за туширање, туку тоа да го направат во своите домови.

Според новите правила, играчите од првата и втората лига, мора да направат антигенски тест пред секој тренинг и натпревар. Ла Лига им наложи на сите да направат ПСЦ тестови по враќањето од Божикните празници.

Scroll to Top