Top Sport

Ла Лига се враќа на 20 јуни

Раководните луѓе на шпанската Ла Лига се сигурни дека прекинатата сезона ќе може да продолжи на 20 јуни. Ла Лига работи на планот кој ќе ги содржи сите неопходни здравствени протоколи за да може да продолжи фудбалската сезона.

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека сите играчи биле тестирани на коронавирусот и дека тестовите биле негативни. Играчите од денес треба да започнат да тренираат.

Во исто време кога Барселона објави деа играчите ќе можат да тренираат тренерот на „фенерџијата“ Леганес Хавиер Агире објави дека челниците на Ла Лига им соопштиле на клубовите дека остатокот од сезоната, односно преостанатите 11 кола би требало да се одиграат во периодот од 20 јуни до 26 јули.

Scroll to Top