„Кристијано Роналдо бара нов дом, нов тим и нов почеток“, објави италијанска „Ла република“. Италијанците тврдат дека 37-годишниот португалски напаѓач не се вклопува во визијата на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој од играчите бара многу трчање, константен посед на топката, колективна игра и скромност.
„Рома сонува да го донесе Португалецот кој тешко ќе најде нов клуб меѓу елитата на европскиот фудбал. Неговиот нов клуб би можел да биде нешто како Рома, клуб кој минатата сезона го освои првиот европски трофеј по 1961 година”, пишува „Ла Република“.
„Проблем секако претставува платата на Роналдо, но тој ќе има има даночни олеснувања во Рим, а неговиот агент Жорге Мендеш има феноменален однос со Рома“, пишува во текстот „Ла Република“.
Доколку дојде до трансфер на Роналдо во Рома, тогаш португалскиот напаѓач повторно би соработувал со својот сонародник Жозе Мурињо, тренер со кој не се раздели во најдобри односи во 2013 година кога Мурињо го напушти Реал.
Да потсетиме, Роналдо има искуство во Серија А, во периодот 2018-2021 го носеше дресот на Јувентус.