Top Sport

Лабадија нов селектор на Нигерија

Германецот Бруно Лабадија е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Нигерија.

Лабадија е во тренерскиот бизнис повеќе од две децении, а тренираше многу клубови во Бундеслигата: Хамбург, Штутгарт, Волфсбург, Херта, Баер Леверкузен.

Ова е прва задача на 58-годишниот стручњак надвор од Германија.

Тој е веќе трет селектор на Нигерија оваа година, Португалецот Жозе Переиро ги предводеше „Супер орлите“ до финалето на Африканскиот куп на нации, но потоа ја напушти клупата.

Него го наследи Џорџ Финиди, но не се задржа долго. Тој ја предводеше селекцијата во само четири натпревари.

Scroll to Top