Top Sport

Лацио бара навивачите да ја платат казната од 50.000 евра!

Лацио им прати посебни писма на навивачите кои отпоздравуваа со фашистичкиот поздрав на мечот против Рен барајќи тие да ја платат отштета на клубот од 50.000 евра по казната која ја добија од УЕФА.

Римскиот клуб се обидува да го подобри својот имиџ кој го нарушуваат дел од ултрасите на тимот кои подолго време се поврзувани со фашистичките групи во Италија. На 3 октомври против Рен, по низата фашистички поздрави, УЕФА затвори дел од „Олимпико“ за следниот меч и им додели казна од 20.000 евра.

Сега, по иницијатива на претседателот Клаудио Лотито, тие пратија писма до навивачите кои беа идентификувани.

„Од снимките кои ги има УЕФА и по полициската истрага, се откри дека Вие сте одговорни за казните и сега ќе следуваат обвиненија. Вие му наштетивме сериозно на имиџот на клубот, но и економски, што поради затворениот стадион и казната достигнуваат 50.000 евра. Ве покануваме да контактирате со нас за да одредиме метод на исплата за отштета кон Лацио. Во исто време, клубот го ограничи вашиот пристап до ’Олимпико’ за следните три меча“, се вели во писмото на Лацио.

Scroll to Top