Top Sport

Лацио без мака против Болоња

Лацио стигна до рутинска 3:0 победа над Болоња за четврта победа во последните пет меча на римскиот клуб и доближување на само два поени од четвртото место на Јувентус.

Чиро Имобиле им донесе рано водство на домаќините, кога во 13. минута беше досуден пенал, а тој беше сигурен од белата точка, по што во второто полувреме, мечот го одлучи Матија Ѕакањи со два гола во 53. и 63. минута од мечот.

За Болоња на поранешниот фудбалер на Лацио, Синиша Михајловиќ пак, ова е четврт пораз во последните пет меча по што „рособлу“ паднаа на 13. место со 28 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top