Top Sport

Пандев со првенец за Парма

Горан Пандев го постига својот прв гол за Парма по трансферот од Џенова, откако помогна „Дукали“ да стигнат до 4:1 победа над Порденоне во 26. коло од Серија Б.

Пандев влезе во игра во второто полувреме, откако Пордонене имаа предост од 0:1, за во 55. минута да израмни со убав волеј. До крајот на мечот, Парма постигна уште три гола за втора победа во низа.

Парма се само 12. во Серија Б со 28 поени, додека Порденоне го имаат „фенерот“ со 12 освоени поени досега.

Scroll to Top