Top Sport

Лацио доживеа потоп во Данска, Јунајтед сигурни во Молдавија, Звезда „падна“ во Турција

Манчестер јунајтед не дозволи да го загуби и вториот меч во низа во Лига Европа, стигнувајќи до рутинска 0:2 победа на гости кај Шериф Тираспол, но другите фаворити немаа толку среќа – Лацио доживеа вистинска катастрофа со 5:1 пораз од данскиот Митјиланд, Нант загуби со 3:0 кај Карабаг, додека Монако дома беше поразен од Ференцварош.

dobivaj vesti na viber

Џејдон Санчо изземањето од англиската репрезентација го прослави со гол, за Кристијано Роналдо од пенал да го постигне својот прв гол оваа сезона и прв гол во Лига Европа во кариерата.  Лацио, пак, откако прими два гола за четири минути во првото полувреме, на крајот доживеа катастрофален пораз од данскиот клуб.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА Е
Реал Сосиедад – Омонија 2:1
Шериф Тираспол – Манчестер јунајтед 0:2
ГРУПА Ф
Феенорд – Штурм Грац 6:0
Митјиланд – Лацио 5:1
ГРУПА Г
Олимпијакос – Фрајбург 0:3
Карабаг – Нант 3:0
ГРУПА Х
Монако – Ференцварош 0:1
Трабзонспор – Црвена звезда 2:1

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА Е
Аполон Лимасол – Днипро-1 1:3
АЗ Алкмар – Вадуц 4:1
ГРУПА Ф
Ѓургарден – Молде 3:2
Гент – Шамрок роверс 3:0
ГРУПА Г
ЦФР Клуж – Сиваспор 0:1
Славија Прага – Балкани 3:2
ГРУПА Х
Пјуник – Слован Братислава 2:0
Жалгирис – Базел 0:1

Scroll to Top