Top Sport

Лацио ги освоија бодовите на Сардинија (Видео)

Фудбалерите на Лацио освоија три бода на Сардинија против Каљари во рамките на претпоследното коло, во Серија А. Со оваа победа Лацио ги задржа шансите за пласман на седмото место кое носи настап во Лига Европа.

Избранците на тренерот Симоне Инзаги до победата дојдоа со головите на Луис Амберто во 31 и Хоакин Кореа во 53 минута од натпреварот. Единствениот гол за Каљари го постигна Паволети на истекот на натпреварот, во 91 минута.

Лацио сега има 58 бода и натпревар повеќе од Милан и Рома кои се на позициите шест и пет. Милан вечерва гостуваа кај Фиорентина, а Рома утре ќе го пречека шампионот Јувентус.

Лацио во последното коло ќе ја пречека Болоња.

Scroll to Top