Top Sport

Хантухова: Ѓоковиќ им испрати порака на Федерер и Надал

Поранешната тенисерка (петта на ВТА листата), Даниела Хантухова, смета дека со победата над Доминик Тим во полу-финалето на Мастерсот во Мадрид, Новак Ѓоковиќ им испратил порака на Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Австрискиот тенисер во изминатите две недели успеа да ги победи Надал во Барселона и Федерер во Мадрид, меѓутоа не успеа да направи хет-трик и да слави над Ѓоковиќ.

„Мислам дека пред мечот Новак си мислеше ‘добро Роџер не успеа да го победи, Рафа исто така, сега јас ќе им покажам. Мислам дека со оваа победа им испрати порака на Рафа и Роџер“, рекла Хантухова.

Ѓоковиќ во утрешното финале во Мадрид (18.30 часот) ќе игра против победникот од меот помеѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Scroll to Top