Top Sport

Ренато Санчес се откажува од ПСЖ, Милан повторно во „игра“?

Милан повторно станаа фаворити за потписот на Ренато Санчес, откако португалскиот фудбалер на Лил е исфрустриран од одложувањата кои ги прави Пари Сен-Жермен, тврдат француските и италијанските медиуми.

Поранешното „златно момче“ на португалскиот фудбал, беше на чекор од „Сан Сиро“, пред да се појави интересот на францускиот шампион ПСЖ. Сепак, по неколку недели преговарање меѓу двата клуба нема договор, и според „Скај спорт Италија“, Португалецот повторно го вратил интересот за Милан, а денеска неговиот агент Жорге Мендеш контактирал со „росонерите“.

Лил претходно ја прифатија понудата на Милан од 15 милиони евра вклучувајќи бонуси, додека ПСЖ беа подготвени да дадат само 10 милиони евра. Сепак, во ПСЖ му нудеа повисока плата на Португалецот.

Милан веќе го обезбедија потписот на Шарл де Кетеларе од Бриж за 15 милиони евра и тој се очекува вечерва да пристигне во Италија.

Scroll to Top