Лацио искористи што фенерџијата Беневенто остана со играч помалку уште во деветтата минута, за да стигне до убедлива 6:2 победа, прекинувајќи ја лошата низа од три меча без победа.
Чиро Имобиле постигна два гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Саиседо, Де Фрај, Лукас Леива и Луис Алберто. Со победата, Лацио остана на петтото место со 57 поени, еден помалку од Интер, кој исто така беше сигурен и со 3:0 ја растури Верона.
Мауро Икарди и Иван Перишиќ „блеснаа“ за „нераѕурите“ – Икарди постигна два гола, додека Перишиќ еднаш стрелаше, и двапати му асистираше на аргентинскиот капитен.
Горан Пандев го одигра второто полувреме за Џенова, но „Грифоне“ одигра само 1:1 со аутсајдерот СПАЛ. Џенова остануваат на 13. место со 31 поен, седум повеќе од зоната за испаѓање во Серија А.
СЕРИЈА А, 30.КОЛО
Болоња – Рома 1:1
Аталанта – Удинезе 2:0
Каљари – Торино 0:4
Фиорентина – Кротоне 3:0
Џенова – СПАЛ 1:1
Интер – Верона 3:0
Лацио – Беневенто 6:2
Фото: ЕПА