Top Sport

Лацио го запре Наполи во Рим, Елмас играше едно полувреме

Екипата на римски Лацио ги собра трите бода од вечерашниот меч против Наполи на „Олимпико“. Фудбалерите предводени од Симоне Инзаги со 2-0 ја совладаа четата на Џенаро Гатузо, а кај поразената екипа од 55 минута на теренот беше и македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас.

Иако гостинот од Неапол го имаше поседот на топката и зададе многу повеќе удари кон голот на Реина, сепак двата удари кон голот на Оспина завршија во неговата мрежа.

Капитенот на „небесносините“, Чиро Имобиле го отвори резултатот во 9 минута, а вториот гол беше дело на Луис Алберто во 56 минута.

По овој пораз, Наполи петтопласиран со 23 бода, додека Лацио се пробива на осмата позиција.

Scroll to Top