Манчестер јунајтед со помош на агентот Матеја Кежман, но и контроверзниот Фаљи Рамадани се обидува да склучи договор со фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, очигледно подготвени да платат 120 милиони евра за Србинот, тврди францускиот сајт „Фут меркато“.
Оле Гунар Солскјер и „ѓаволите“ подолго време се заинтересирани за популарниот СМС, и пред две години тие понудиле 110 милиони евра, кои Клаудио Лотито ги одби со тврдење дека Србинот вреди 150 милиони евра.
25-годишниот Србин постигна пет гола и имаше седум асистенции во 31 меч оваа сезона, предводејќи ги Лацио до второто место во Серија А со само еден поен зад Јувентус, а успеаја да ги победат Јуве и во Суперкупот на државата.
Милинковиќ-Савиќ има договор до јуни 2024 година, а во минатото за него беа заинтересирани и Пари Сен-Жермен, Јувентус и Интер, но сите беа одбивани од превисоката цена. Солскјер во СМС наводно гледал совршена замена за Пол Погба, кој повторно е на „излезна врата“ од „Олд Трафорд“, а се верува дека со комбинираната помош на Кежман и Рамадани може да успее да го склучи договор.