Лацио и Милан одиграа реми без голови на „Олимпико“ во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, „заканувајќи“ се дека слично како лани нивната куп-пресметка ќе заврши со две 0:0 ремија и со решение на патникот во финалето на пенали (лани Милан беа посреќни).
Милан одигра слабо прво полувреме, во кое го загубија Френк Кеси поради повреда, и Лацио имаше повеќе од шансите. На почетокот на второто полувреме, „росонерите“ се заканија преку Кшиштоф Пјонтек, а Лацио имаше две убави шанси, една преку Имобиле, и уште една преку Милинковиќ-Савиќ.
На крајот, сепак, темпото падна во последните 15 минути, иако Имобиле ја погоди пречката во 79. минута. Двата тима решија патникот во финале да се бара на реваншот во Милано. Во второто полуфинале на Копа Италија играат Фиорентина и Аталанта.
Фото: ЕПА