Фудбалерите на Лацио го победија Сасуоло со 2:1 во вториот натпревар од саботната програма во Серија А. Во првиот меч Специја со гол во 93.минута ја победи Венеција.
Лацио ја прекина низата од шест натпревари без пораз во која беа фудбалерите на Сасуоло и се искачија на петта позиција на табелата.
Мануел Лацари одличната соло кација во 17.минута ја заврши со неодбранлив удар. Предноста на Лацио ја зголеми во 52.минута, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
До крајот Сасуоло се обиде да се врати во мечот, но само успа да го намали резултатот преку Траоре во 94.минута.