Top Sport

Лацио, конечно, се врати на победите (видео)

По два меча без победа во Серија А и засрамувачкиот пораз од 2:1 од ЦФР Клуж во Лига Европа, тимот на Лацио се врати на победите, откако со 2:0 ја победи Парма во последниот меч од четвртото коло во Италија.

Чиро Имобиле го отвори резултатот во осмата минута од мечот на „Олимпико“ по еден брз контра-напад, а Црногорецот Адам Марушиќ во  67. минута зголеми на 2:0 по еднапрекрасна асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Со победата, тимот на Симоне Инзаги има седум поени и се наоѓа на петтото место на табелата, додека Парма е на 15. место со една победа и три порази.

Scroll to Top