Top Sport

Лацио покрај договор на Давид Силва му нудат и лускузен дом и приватен авион!

Давид Силва може да си заработи луксузен дом во Рим и приватен авион ако ја прифати понудата на Лацио да помогне да се кренат „орлите“, тврди „Тутоспорт“.

Договорот на 34-годишниот поранешен шпански репрезентативец заврши овој месец и за него се заинтересирани Валенсија и клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, но се верува дека Лацио водат во трката за неговиот потпис.

Според „Тутоспорт“, Лацио му нудат двегодишен договор со опција за трета година, со плата од околу 52.000 фунти неделно, драстично помала од неделната плата во Сити (220.000), но и посебен „пакет“ – луксузен дом во италијанската престолнина и приватен авион.

Силва, кој беше изгласан за најдобар шпански фудбалер во Премиер лигата, помина 10 години во Сити и сега би можел да има нов предизвик во првата сезона во ЛШ за Лацио по 12 години.

Scroll to Top