Лацио ја забележа третата победа во низа во Серија А, совладувајќи ги Специја со 4:0 на „Олимпико“ и покрај тоа што капитенот Чиро Имобиле утна пенал уште во првата минута.
Само што почна натпреварот, беше досуден пенал за домаќините, но Имобиле не беше прецизен од белата точка, за Матија Ѕакањи да ја поправи неговата грешка во 12. минута. Алесио Ромањоли во 27. минута зголеми на 2:0, пред Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 62. и во самиот финиш на мечот да ги постави конечните 4:0.
Со победата, Лацио се искачија на третото место на табелата со 17 поени, израмнети со Аталанта и Милан, и три поени зад лидерот Наполи. Специја се на 12. место со осум поени по четвртиот пораз во осум кола.
Standings provided by SofaScore