Top Sport

Лацио сериозно заинтересирани за Ловрен

Лaцио ќе се обидат да го донесат Дејан Ловрен на „Олимпико“ ова лето, тврдат италијанските медиуми. По цела деценија Лацио се блиску до враќање во Лигата на шампионите и сметаат дека искуството на Хрватот ќе помогне во засилувањето на одбраната на тимот.

Договорот на Ловрен со Ливерпул завршува на крајот на следната сезона, но тој честопати беше критикуван поради своите мечеви во последно време и преговорите за продолжување на договорот се „пропаднати“.

Хрватот беше блиску до трансфер во Милан или Рома минатата сезона, но реши да остане на „Енфилд“ и да се бори за место во првиот состав. 30-годишниот Ловрен има само 9 настапи за Ливерпул во Премиер лигата оваа сезона.

Scroll to Top