Top Sport

Првата тепачка на Тајсон била со ѓубреџијата и тоа поради гулаб!

Боксерската легенда, Мајк Тајсон открива дека нокаутирал еден ѓубреџија откако тој му го фрлил неговиот омилен гулаб по име „Џулиус“, што му била прва тепачка во животот

„Челичниот“ во својата кариера стигна до 50 победи со 44 нокаути, но уште се сеќава на првиот опасен удар кој го упатил, кон локален ѓубреџија во Њујорк. Причината? Неговиот омилен гулаб Џулиус починал, и кога ѓубреџијата го забележал во кутија, го фрлил во кантата.

„Едно утро дознав дека мојот омилен гулаб, Џулиус починал и бев навистина тажен и планирав како да му оддадам почит. Ја оставив кутијата на мојата порта и се вратив да земам нешто, кога ѓубреџијата го фрли во контејнерот. Му дадов една силна титанска десница и тој беше долу“, открива Тајсон.

Тој исто открива дека имал уште една тепачка поради своите гулаби, кога еден негов познаник му скинал глава на еден гулаб.

„Тој ја скина главата на мојот гулаб. Тоа беше првото нешто што го сакав во животот, гулабот. Не знам зошто, не можам да објаснам. Гулабите се како луѓе за мене“, вели Тајсон.

Scroll to Top