Top Sport

Лацио со гол од пенал до победа и четврто место (видео)

Лацио се искачи на четвртото место во Серија А, откако во првиот меч од 23. коло со 1:0 славеше над тимот на Емполи благодарение на голот од пенал на Фелипе Каиседо.

Клучниот момент се случи во 42. минута кога голманот Иван Проведел го собори Каиседо во шестнаесетникот, а Еквадорецот немаше проблеми да го совлада од белата точка.

По двата порази во големите дерби-мечеви од Јувентус и Наполи, тимот на Симоне Инзаги сврзува две победи за да се искачи на четвртото место со 38 поени, два помалку од третопласираниот Интер и два повеќе од Милан на шестото место.

Емполи останува на 17. место со 18 поени, само еден повеќе од Болоња, кои се во зоната за испаѓање.

Фото: ЕПА

Scroll to Top