Top Sport

Нант и Лазаров без одговор за ПСЖ во француското дерби

Пари Сен-Жермен под водство на поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес, со победа се врати во Лигата на шампионите по репрезентативната пауза, откако во големото француско дерби со 35:31 (18:15) го победи Нант на нашиот капитен Кирил Лазаров за да се зацврстат на првото место во групата Б.

Иако на двата тима им беа потребни дури пет минути да го постигнат првиот гол, кога „тргна“ машината на ПСЖ веднаш дојде во водство кое го зголемуваше во текот на првото полувреме до +7, пред на одмор да замине со 15:18 предност.

Во второто полувреме, Нант неколку пати успеваше да се доближи на само гол предност, но на крајот го запишаа петтиот пораз во ЛШ оваа сезона со кој се на четвртото место со 9 поени, еден повеќе од ППД Загреб во тесна трка за плеј-офот. ПСЖ имаат 10-1 скор и пет поени предност пред второпласираниот ПИК Сегед.

Лик Абало имаше седум гола за победниците, по шест имаа Хенрик и Микел Хансен, додека Уве Генсхајмер додаде пет во мрежата на домаќините. Лазаров повторно имаше солидна партија и беше најдобар стрелец на Нант со шест гола, колку што даде и Валеро Ривера.

Scroll to Top