Top Sport

Лацио со пресврт до победа над Сасуоло

Лацио на Симоне Инзаги стигна до својата четврта победа во низа во Серија А, откако со пресврт славеа со 2:1 над Сасуоло на „Олимпико“.

Франческо Капуто ги донесе „зелените“ во водство уште во шестата минута од мечот, но во 25. минута Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја врати рамнотежата. Човек на одлука, како многу пати во минатото, беше капитенот Чиро Имобиле во 71. минута од мечот.

Лацио сега се седми со 34 поени, додека Сасуоло се две места подолу со 30 поени.

Scroll to Top