Top Sport

Лацио три недели без СМС

Фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ, поради повреда, три недели ќе биде надвор од фудбалските терени. Клубот соопшти дека Милинковиќ-Савиќ, на натпреварот против Емполи го повредил бутниот мускул на десната нога.

„Играчот беше заменет во второто полувреме откако почувствувал болка. Анализите покажаа дека се работи за повреда од прв степен. Фудбалерот веќе започна со посебни третмани. Колку ќе отсуствува ќе биде познато по дополнителните прегледи“, стои во соопштението од Лацио.

Италијанските медиуми се убедени дека српскиот репрезентативец поради повредата ќе паузира три недели.

Во овој период Лацио ќе игра два натпревари против Севилја во Лига Европа, ќе го одигра и првиот полу-финален натпревар против Милан, во Купот на Италија, а во првенството за противник ќе ја има Џенова.

Scroll to Top