Top Sport

Барса го носи Јовиќ на „Ноу Камп“

Менаџерот на фудбалерот на Ајнтрахт од Франкфурт Лука Јовиќ ги договорил условите под кои напаѓачот ќе го потпишел договорот со Барселона, објави „Алемајне цајтунг“. Српскиот репрезентативец игра се наоѓа во фантастична форма, со 14 гола во досегашниот дел од сезоната тој е водечки стрелец во Бундес лигата.

Барселона, според истиот извор, ја добиле трката за потписот на Јовиќ. Интерес за овој фудбалер наводно покажували Реал Мадрид, Баерн Минхен и Челси.

По завршувањето на сезоната клубовите треба да се договорат околу обесштетувањето. „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ ја проценува на 40 милиони евра, но вредноста на трансферот е биде поголема. „Алемајне цајтунг“ шпекулира дека Барселона би можела да издвои околу 60 милиони евра за Јовиќ.

Србинот треба да биде замена за Луис Суарез кој на 24 јануари наполни 32 години.

Scroll to Top